Рекламации и Повратници

Повратница на резервен дел

Доколку имате стока која поради некоја основана причина сакате да ја замените или вратите тоа може да го на правите со пополнување на формуларот на линкот подолу и доколку ги исполувате условите наведени подолу:

*Се прифаќаат само артикли купени во рок не подолг од 14 дена и уредно пополнет документ.

*Не се прифаќаат артикли со оштетена амбалажа, монтирани или без оригинална декларација.

*Не се прифаќа артикл доколку резервниот дел е прибавен по нарачка, требуван од други магацини или увезен по барање на купувачот.

Превземете формулар повратница

Рекламација на резервен дел

Доколку имате резервен дел кој подлежи под гаранција и поради некоја причина не е функционален тогаш може да пополните формулар за рекламација кој може да го превземете на линкот подолу:

*Барањето ќе се разгледа само при уредно пополнет формулар за рекламација

*Резервните делови од групата електрика и електроника не подлежат под гаранција

*Се согласувам да се спроведе техничка експертиза која може да доведе до оштетување на делот

Превземете формулар рекламација

Нарачки за карго се примаат до 15.20 часот